Премиерот Димитар Ковачевски попушти пред бугарскиот притисок и наместо македонски револуционер или апостол на македонската револуционерна борба Гоце Делчев го нарече голем револуционер.
Најверојатно од страв дека ќе добие реакција од Бугарија Ковачевски се откажа од именување на Делчев како македонски деец.
На 151 година од раѓањето на големиот револуционер Гоце Делчев, се поклонуваме пред неговото визионерство за современи цивилизациски вредности. Денес се стремиме Македонија да е едно општество за сите, идна членка на ЕУ, пишува премиерот во обраќањето по повод посетата на владината делегација на
гробот на најголемиот македонски син.

Во конфузната објава Ковачевски зборува за ЕУ и за Македонија како едно општество за сите кои немаат врска со зборовите и мислите кои Делчев ги оставил како негово лично наследство на Македонците.
За разлика од Ковачевски најверојатниот иден бугарски премиер Бојко Борисов за Делчев пишува како за бугарски револуционер



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.