Владата среде криза дала 400 илјади евра на Рејтинг, за да ја нема Македонија во рекламите, рече на прес-конференција Ивица Томовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Не само што владата во ек на криза фрла 400 илјади евра за саемска промоција за 4 дена, односно по 100 илјади евра за еден ден, туку и со тие пари плаќа забранување на името Македонија во рекламите и промоцијата. Владата на антимакедонската СДС плаќа за да ја нема Македонија, а производите да не смеат да се ословуваат како македонски. Владата на Ковачевски со народни пари директно удира врз идентитетот и врз економската промоција на државата која треба да ползува од брендот македонски, кој е граден со децении, а за кој тврдеа дека е заштитен, за сега да сведочиме за спротивното. Имено од владата бараат сите производи кои ќе се презентираат да немаат национално лого, и дополнително се бара од компаниите производите кои ќе ги презентираат да одат на проверка во владата, за да можат да се осигураат дека нема да се спомнува Македонија и македонско. Ова почитувани, значи дека македонските вина, сирења, ајвар, кондиторски производи итн., нема да се презентираат како македонски. И сето ова бришење на Македонија и македонски го прави Ковачевски и неговата партиска анкетна агенција Рејтинг, која за еден ден саемска промоција и забрана на Македонија и македонски добива 100.000 евра на ден, истакна Томовски.

Ковачевски да одговори, дали владините служби за многу помалку пари не можеле да изготват целосна презентација и организација, или всушност се плаќа Рејтинг, за преку нив да оди бришењето на Македонија, а не директно преку владата? Или пак со ова де факто се плаќаат идните партиски услуги за СДС? Праша Томовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.