За Клиничката болница во Штип било побарано да се одборат 15 согласности за вработување на доктори кои не се доволни да се покрие недостигот на кадар, а биле одобрени само осум и тоа оние кандидати кои се во тесни и блиски врски со лица кои се дел од владејачката СДСМ, велат од комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ.

Порачуваме на кандидатите кои не се избрани дека оваа крајно неспособна Влада наскоро ќе замине во историјата, одложете го пакувањето на куферите и заминувањето во странство.

По целосното отсуство на стратегија за изградбата на Клиничка болница во Штип сведочиме и за целосно отсуство и на стратегија на кадар кој лекува – лекари, средно-медицински кадар и помошно-технички персонал.

Неспособноста и неодговорноста врши поткопување на јавното здравство со НУЛА инвестиции во човечкиот потенцијал, велат од Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.