Денеска се собравме пред Обвинителството и Судот за да ја изразиме гневот на граѓаните за манипулацијата и извртувањето на судскиот процес за трагедијата од 8 септември, каде живи изгореа 14 наши сограѓани, рекоа демонстрантите од пред судот во Тетово.

Од таму додаваат: За 5 години имаме 4 трагедии, 97 жртви и НУЛА дена затвор. Затоа довербата во правосудниот систем на оваа држава е нула. Животите на граѓаните станаа заложници на пазарења и тендери без критериуми. Се виде дека корупцијата убива.

Од целиот процес се докажа дека Обвинителството и Судот се дел и бранители на злосторничко здружување која ја држи државата во заложништво. Бараме Владата веднаш да го разреши Јавниот обвинител Јовески и тој заедно со другите обвинители инволвирани во оваа монструозно дело да одговараат кривично.

Бараме да се судат и казнат вистинските виновници, вклучително и политичарите кои спротивно на законот го доделија тендерот за изградба на фирмата Брако.

Нема правда, нема мир!, порачаа демонстрантите во Тетово.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.