Време е да се обединиме под македонското знаеме. Ги повикуваме граѓаните денес помасовно и побројно против отворената бугаризација и асимилација, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Продолжуваме со протесниот марш во 19 часот пред Влада, преку министерство за правда, па се до Собранието.

 

Масовно, мирно и достоинствено да протестираме, народот да е последната брана против нечесната игра која ќе направи насилна бугаризација на народот и Македонија.

 

Да кажеме НЕ на Ултиматумот – се истакнува во пораката на ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.