Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, се заблагодари на македонската Армија за пожртвуваноста и помошта која ја пружиле на турскиот народ. Кажа дека сите војници ќе добијат по уште една просечна плата, покрај редовната, во знак на благодарност.

Одлучивме дека треба да ги испратиме најобучените за справување со ваква тешка задача, извлекување на она што можеше да се спаси. Ви благодариме што го спасивте малиот Сулејман и му дадовте шанса. Одлучивме дополнително и покрај се што правиме, да ве наградиме и со дополнителна исплата на една просечна плата. Знам дека тоа не ви е достигнување и она што го имате во срцата не се купува. И затоа во секоја наредна мисија нѐ правите се поголеми“, кажа Петровска.

Таа им честиташе за напорот кој го вложија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.