Во Македонија треба обединетост како нација бидејќи Македонија е земја создадена од жарот за слобода и правдини и затоа е поддршката за Украина, во Собранието треба да се донесе декларација за мир во Украина и заштита на нејзиниот интегритет, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
– Сите ние имаме одговорност пред самите граѓани, и затоа жалам навистина жалам, што не можам повеќе да сторам за да го спречам тоа што таму се случува. Кога би можел се би дал да ги убедам тие политичари кои денеска одлучуваат дали некои човечки животи ќе траат подолго, а некои пократко. Жалам што не сум толку моќен во геостратешка смисла да тоа го направам, но едно знам дека мора да им се даде шанса на мирот и дипломатијата, и дипломатските преговори и разговори. Бидејќи тоа е иднината за сите нас, рече Мицкоски.
Мицкоски нагласи дека покрај Декларацијата за Украина мора да се донесе и Декларација за великанот Гоце Делчев, којашто упорно од СДСМ одбиваат да ја поддржат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.