Во ново фијаско на јавна сцена, СДСМ уште еднаш демонстрираше непочитување и омаловажување на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА). Имено, градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски, јавно изјави дека општината нема да поддржи проекти кои „не се во интерес на општината“, отфрлајќи го барањето на МПЦ-ОА за донација за изградба на црква во Берлин.

Оваа изјава е одлична можност да покажеме дека ние заедно со МПЦ-ОА, ќе се бориме и ќе успееме, и покрај обидите за јавна дискредитација од страна на СДСМ, велат загрижени центарци на социјалните мрежи.

Според експертите, ставот на Герасимовски е директно по налог на Венко Филипче кој му го пренел при нивната средба пред неколку дена на настанот за почетокот на учебната година.

Овој инцидент е уште еден пример за непочитувањето на верските институции и нивните проекти од страна на актуелната власт.

Дури и да не се согласува со некое барање на МПЦ, што е нормална работа, СДСМ и Општина Центар не треба јавно да ја омаловажуваат црквата со вакви реакции, велат загрижени граѓани.

Јасно е дека СДСМ не само што се дистанцира од интересите на народот, туку и одработува по диктат на своите партиски интереси, занемарувајќи ги потребите и желбите на граѓаните кои ја поддржуваат МПЦ-ОА.

Да потсетиме, црквата е институција со највисока доверба кај граѓаните, наспроти СДСМ кој на последните избори освои едвај 180 илјади гласови, што е најнизок и според многумина најкатастрофален резултат досега.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.