Проблемот со недостиг на педијатри во Болницата во Охрид цела година не е решен ниту со ротација на педијатри од други установи, алармираат од Комисија за здравство на ВМРО – ДПМНЕ.
🔴Апелираме на итно решавање на овој проблем од страна на Министерството за здравство, наместо дадените празни ветувања.
👉 Со НУЛА инвестиции во човечкиот потенцијал, оваа Влада свесно учествува во егзодусот на доктори и друг медицински кадар, а доказ за тоа е што во изминатиот период нема вработено ниту еден доктор во јавните здравствени установи низ државата
❓Прашуваме – Дали блокираната сметка на охридската болница е причината за нерешавање на проблемот со ротации на педијатри во болницата?
👩‍⚕️👨‍⚕️Господ нека ни е на помош, реагираат педијатрите од струшката болница.
Секој ден се повеќе пациенти, се помалку лекари – се работи за здравјето на најмалите и најмилите, велат тие.
↘️Во струшкото педијатриско одделение, покрај од Струга се лечат и деца од Охрид, Ресен, Дебар, Ресен.
‼Педијатриското одделение во Охрид фунционира веќе една година само како дневна амбуланта и тоа во сезона кога респираторни инфекции заземаат замав кај најмладите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.