На денешната седница на собраниската Комисија за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и Агенцијата за разузнавање присуствуваа пратениците и од опозицијата и од власта со цел да се продолжи работата, но од страна на АНБ немаше ниту еден претставник кој ќе продолжеше да реферира за тоа како лицето Олександр Онишченко добило македонско државјанство и позитивни мислења, изјави претседателот на Комисијата, Љупчо Пренџов, откако ја прекина седницата поради немање услови за работа.

Пренџов посочи дека денеска не направиле надзор зашто претставници од АНБ не присуствувале на заседанието, но најави дека за кратко време повторно ќе ја свика оваа седница на чиј дневен ред единствена точка е случајот Онишченко.

Ќе разговараме, ова тука нема да заврши, седницата не е затворена, точката не е заклучена, во следниот краток период повторно ќе свикаме седница со цел мистеријата Онишченко конечно да добие епилог – рече Пренџов, посочувајќи дека ќе побараат одговори и од новиот директор на АНБ.

Пренџов го оцени како неодговорно однесувањето на вработените во АНБ, поради неприсуство на нивни претставник на седницата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.