Во јавноста излезе информација дека сопругите на вицепремиерот Фатмир Битиќи и директорот на Агенцијата за разузнавање Еролд Муслиу, двајца високи функционери на оваа власт, добиле фантастични 600 илјади евра за проекти преку невладин систем, за што постои сериозен сомнеж за трговија со влијание, што е еден од најтешките облици на корупција, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

-Двајцата повикани функционери молчат, молчи Владата, молчи претседателот Пендарвски, молчат надлежните институции. Веројатно продолжува принципот да се молчи секогаш кога постојат сериозни индиции за некој криминал или корупција. Власта секогаш кога е фатена во некој скандал се обидува тоа да го заташка и да го покрие со други теми. Овој скандал е сериозен, до толку повеќе што овие средства се делат во време на криза, кога граѓаните врзуваат едвај крај со крај. Наместо Битиќи да не убедува дека треба граѓаните да штедат и дека растот на цените нема ни да се почуствува, треба да излезе во јавноста и да ги објасни овие трансакции, дали и како влијаел стотици илјади евра да завршат на проект на неговата сопруга, велат од партијата.

Од таму додаваат дека народот гледа дека власта си тера свои лукративни интереси и не се грижи за неговиот стандард. Двоцифрената инфлација во Македонија секој ден ги осиромашува граѓаните, се повеќе луќе остануваат без редовна плата, за година и пол се затворени скоро 12.000 компании, имаме 215 000 помалку работоспособни лица во државата, над половина милион граѓани живеат со 150 денари на ден, а некои блиските луѓе на власта добиваат стотици милиони евра за проекти или добиваат тендери и матни зделки во 4 очи.

-Премногу е! Доста е! Затоа народот масовно ќе излезе на протест на 18-ти јуни, затоа народот ќе ја казни оваа неодговорна и криминогена власт на СДСм и ДУИ, стои во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.