Дали ЈО од Струмица сакало да ја забошоти истрагата за убиството на младото момче од Ново Село затоа што трагите водат до структури блиски до власта?!, прашуваат од најголемата опозициска партија ВМРО ДПМНЕ.

Со денови власта молчи, и повторно се обидува да забошоти убиство.

Според информациите кои излегоа во медиумите, дури ЈО кој излегол на терен, извесен Златко Иванов, констатирал дека обдукцијата врз телото на убиеното момче била вршена нереално, односно било манипулирано со трагите од насилство. Но случајот тука завршил. Зошто и дали некој наредил во Судска медицина да биде изготвен таков извештај со цел случајот да се затвори како несреќа?, се вели во партиското соопштение.

Според ВМРО ДПМНЕ, Целиот случај бил воден со големи пропусти. И индицира дека буквално се внимавало да не се дојде до некој.

Ова е втор случај во кој власта се обидува да прикрива убиство, како што беше случајот со убиството на ракометарот Тот. Премногу е, протест за промени на 18 јуни во 20 часот пред влада, велат од ВМРО ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.