Власта ја призна вината, МВР ја препушта на Министерството за правда, командирот на кого му избега убиецот важи за близок до Спасовски, реагираат од ВМРО ДПМНЕ.
Командирот во чија смена се случило бегството е поранешен полициски службеник, кој бил фатен при земање поткуп, а потоа и избркан од работа.
Полициски службеник фатен во криминал, од СДС е назначен за командир во Идризово, се вели во реакцијата на ВМРО ДПМНЕ.
Истиот тој Командир при транспорт на лица со зголемен ризик е одговорен да направи проценка и да побара асистенција од МВР. Зошто не е побарана асистенција од МВР? За кого бараат од Идризово полициска асистенција, ако не за криминалци осудени за убиство?
Дали намерно не е побарана полициска асистенција? Дали командирот кој е поддржувал на СДС исполнува партиски насоки?
Ќе се изјасни ли министерството за правда, откако Спасовски им ја препушти вината?, реагираат од ВМРО ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.