ВМРО-ДПМНЕ денеска излезе со реакција на изјавата на премиерот Димитар Ковачевски во однос на зголемувањето на пензиите.

Ковачевски да не бега и неговите пратеници да поддржат покачување на пензиите, а тој наместо наспроти народот да биде со народот. Очекуваме пратениците на СДСМ да поддржат покачување на пензиите кое ВМРО-ДПМНЕ го предлага. Со тоа ќе се избегне пензионерите да ги почувствуваат негативните ефекти од кризата и нема да трпи нивниот стандард, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во однос на ставот на Ковачевски за новите градоначалници, од ВМРО-ДПМНЕ велат дека можат да кажат дека тој треба да се огледа во нив и нивната работа, тоа е пример како се работи.

Тоа што градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ го имаат направено за 100 дена, тие од СДСМ претходно го немаа направено за 4 години СДСМ и ДУИ имаат градоначалници во дваесетина општини. Ако се прашувате зошто немаат направено ниту еден отчет, тоа е затоа што немаат со што да се пофалат. Односот на Ковачевски кон повикот на претседателот Мицкоски за обединување покажува само дека тој не ја има Македонија на прво место, и дека неговата политичка кариера или други причини му се на прв план. Ковачевски оди наспроти народот, и тоа народот го гледа. Сепак му упатуваме апел на Ковачевски дека македонските црвени линии мора да се почитуваат, бидејќи тие се потврдени и со Декларацијата изгласана во Собранието, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму додаваат дека иако го претпоставувале ваквиот однос на Ковачевски, сепак сега со оваа негова изјава денес сите можат да видат дека станува збор за политичар на кого македонските интереси не му се на прво место.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.