ВМРО-ДПМНЕ денес поднесе кривична пријава против лицето Оливер Спасовски, кој како поранешен министер за внатрешни работи е лично и директно одговорен за хаосот со личните документи, истакна Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ.
Тој ја покажа кривичната пријава, која што беше поднесена во Јавното обвинителство.
Оливер Спасовски кој што кажував во својство на министер за внатрешни работи во период од околу 2 ипол години издавал лични документи кои што знаел и бил свесен дека нивната важност нема да биде во рок отколку што е ставен во документите туку истите ќе престанат да важат на 12.02.2024 година. Имено, тој овој период од 12.02.2019 па се до средината на 2021 година тој свесно и директно раководејќи со Министерството за внатрешни работи кои што впрочем ги издаваат овие документи нанесува штета на десетици илјади граѓани. И таа штета е и материјална и нематеријална штета. Две ипол години тој ја донесува македонската јавност, граѓаните на Република Македонија во заблуда со ова негово постапување. Впрочем тој врши злоупотреба на службената положба и овластувања, и несовесно работење во службата – рече тој.
Оваа кривична пријава се заснова на прекршување на членовите 353 став 1 и 353-в став 5 од Кривичниот закон.
Очекуваме од Јавното обвинителство да ја прифати кривичната пријава поднесена од ВМРО-ДПМНЕ и да отвори истрага за Оливер Спасовски бидејќи одговорност во оваа држава мора да има. Апелираме и очекуваме дека новоизбраниот Јавен обвинител на Република Македонија ќе покаже дека е професионалец, а не дека е продолжена рака на власта во заминување на СДС и ДУИ– рече Јанушев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.