Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски им се обрати на насобраните поддржувачи кои ја прославуваа изборната победа на Плоштадот Македонија во Скопје.

„Нема време за чекање. Го свикувам првиот работен состанок за утре претпладне, а оваа вечер да прославиме достоинствено, како што нам само ни доликува“, им порача Мицкоски на поддржувачите.

Тој им се заблагодари на гласачите затоа што ја „ослободиле Македонија“.

„И кога секој еден од вас ќе го прашаат каде бевте кога се бореше за Македонија, бидете горди, вие бевте во првите редови и бидете горди затоа што ја ослободивте нашата Македонија“, рече Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.