СДС И Ковачевски нека не изигруваат адвокат на Груби, а Обвинителството да се прави слепо пред очигледниот скандал, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Институциите и Владата треба први да се запрашаат како братот на Артан Груби се стекнал со луксузен имот на улица „Македонија“ по багателна цена. Деловниот објект кој семејството Груби го стекнало за околу 100 илјади евра, односно по помалку од 650 евра за квадрат, самата банка која му го доделила кредитот го проценила истиот локал за 200.000 евра. Притоа банката прави проценка со најниската цена по метар квадратен, зошто така си ги штити своите пари, но дури и по таа проценка Груби го платил дуќанот два пати поевтино од најниската реална вредност.

Ако Ковачевски се прави недоветен и не бара одговорност од неговиот заменик, тогаш и тој заедно со Груби ја потценуваат интелигенцијата на народот. Ова е класичен пример за политичка корупција, а постои основано сомнение дека Груби ја злоупотребил и својата функција и влијаел неговиот брат да се стекне со таков луксузен имот по цена по која останатите граѓани може само да сонуваат.

Груби нека не продава некакви националистички приказни, бидејќи овде не се работи за национализам, туку за корупција, па дури и затаен данок. Ваквите криминогени зделки се на штета и на Албанците и на Македонците и на сите останати, а се во интерес само на корумпираните функционери од власта кои се богатат, се вели во соопштението на партијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.