СДСМ нека се фокусира на решавање на реалните проблеми на граѓаните. Во Македонија моментално се случува економска и енергетска криза, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Но, ако на СДСМ им пречи црната листа на САД дали тоа би значело дека Љубе Бошкоски и Мендух Тачи кои се на црната листа на САД ќе ги исфрлат од коалицијата со која ја делат власта.

Имено граѓаните многу добро помнат дека власта на СДСМ прави и бизнис со фирми кои се на црна листа на САД, и кои се анти НАТО, стои во соопштението и се додава:

За жал од СДСМ не престануваат со лагите и криминалот, за да владеат и крадат не бираат со кого коалицираат.

СДСМ не се интересира за реалните проблеми на граѓаните, а ниту помалку да ги реши. Во моментов кога во Македонија се протестира за повисоки плати и подобри услови за живот, СДСМ се занимаваат со листи, а не со решавање на проблемите на граѓаните“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.