Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во македонското Собрание, Владо Мисајловски ја повика власта што поскоро да седне на разговори со СОНК, чиишто членови вработени во македонското образование веќе трет ден се во штрајк и да им ги покачи платите наместо расипнички да трошат државни пари, односно милиони евра да даваат за студии кои што завршуваат со обвиненија, мислејќи на случајот со студијата за приватизација на Македонска пошта, за што поранешниот Генерален секретар на Влада, Мухамед Зеќири заврши во притвор.
Мисајловски од Ранковце истакна дека наставниците, професорите и СОНК се во право, бидејќи за време на носењето на минималната плата, воопшто не се размислуваше за колективните договори и нивелирање на коефициентот на сложеност на работните места согласно минималната плата.
Веќе неколку пати го коментираме штрајкот што е најавен од СОНК и кој веќе се случува, но и често пати во Собранието го коментираме како едно од барањата што треба да се направи веднаш. Во право се наставниците, професорите, во право е СОНК. Зошто го велам ова? Бидејќи со носењето на минималната плата воопшто не се размислуваше на колективните договори и да се подобри, односно да се нивелира коефициентот на сложеност на работни места на сите наставници. Ние ова го предложивме како закон и беше одбиено од владата, но наместо власта расипнички да троши пари, милиони евра да даваат за студии кои што гледаме како завршуваат. Ги повикуваме да седнат што поскоро со СОНК и да им се помогне на сите тие луѓе и да се најде решение, односно да се зголемат платите, рече Мисајловски.
Но, додаде Мисајловски, како што гледаме веќе трет ден власта нема слух за нивните барања, како што порано поднесе закон кој што власта го одби, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе поднесе Закон за нивелирање на коефициентот на сложеност на работното место, со кој ќе се дојде до зголемување на платите на просветните работници.
Но, бидејќи гледаме веќе втор ден нема никаков, они што го нарекуваат социјален дијалог, еве ние како пратеници, како пратеничка група веќе еднаш доставивме закон за да се зголемат платите на наставниците и повторно ќе поднесеме Закон за нивелирање на коефициентот, се разбира на сложеност на работни места, но и она што претходно власта го потпишала како колективен договор заеднички. Затоа овие категории на граѓани, оваа фела заслужува повисоки плати и ние како ВМРО-ДПМНЕ ќе им дадеме целосна поддршка. Се надевам дека и сите опозициски партии и СДСМ како владејачка партија и нивната коалиција ќе се издигнат над политичкиот интерес и да им се помогне на сите овие граѓани што протестираат, нагласи Мисајловски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.