Пет одговори на тезите на СДСМ кои докажуваат дека нивните ставови се ред глупости, ред лаги

1. Прво, лага е дека македонскиот јазик е загарантиран. Денес бугарското МНР јасно кажа дека за нив македонскиот јазик е непризнат. Да потсетиме Бугарија е земја членка на ЕУ.

2. Второ, кованицата реципроцитет е свесно додадена како алиби за сите попуштања на штета на Македонија. Реципроцетитет е кога едно се дава, за да се добие друго. Тука само Македонија дава, без да добие ништо. Еве јавно да прашаме што бара за возрат на сите отстапувања македонската влада?

3. Трето, денес потпишаниот протокол потврдува дека се глупости лагите на антимакедонската СДСМ дека историските прашања се надвор од процесот. Напротив бугарското МНР потврди дека ќе има промена на историјата и учебниците.

4. Четврто, нема напредок кон ЕУ без бугаризација. Тоа значи дека Македонија е повторно на магарешката клупа на ЕУ додека Албанија напредува. Му ги разбираме мотивите на Османи, ама не ги оправдуваме, исто како што не го разбираме ниту оправдуваме предавството на антомакедонецот Ковачевски.

5. Петто, референдумот не значи повлекување од блокадата за уставни измени, како што тоа го викаат печатениците и одработувачите на предавничката СДСМ, туку напротив покрај блокадата на пратениците на уставни измени, преку референдум блокада на целата рамка во кое е вклучено предавството и асимилацијата донесена од антимакедонската влада на СДСМ.

Долу за предавниците. Иднина за Македонија!, се вели во соопшението на ВМРО ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.