Има ли некој воопшто во СДСМ кој размислува разумно па го мести Дарко Каевски да изнесува лаги и клевети. Ако размислуваа разумно немаше сигурно да го пуштат Каевски да зборува за криминал бидејќи тој сеуште нема одговор како со државна плата за една година се стекнал со три стана куќа? Сигурно одговорот на ова прашање ќе се случи по промена на власта, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Дарко Каевски од СДСМ.
А сега околу неговите тврдења:
Денес во ВМРО ДПМНЕ е нова генерација на луѓе кои креираат автентична политика што треба да донесе промени што на државата и се неопходни. Ова е време на големи предизвици со коишто оваа Влада не може да се справи поради својата неспособност.
Сведоци сме на ад хок решенија во економијата, на енормно задолжување на државата и на комплетно сервилно однесување во преговорите со Бугарија.
Денешните признанија во судскиот процес се доказ за постоење брутален политичкиот прогон и терор од страна на власта. Очигледно соочени со притисокот на овој прогон со закани за големи казни денешните искази се индивидуален чин на луѓето да се спасат од овој притисок. Методите на Заев продолжуваат и од неговиот двојник Ковачевски.
Само за потсетување дека се соочуваме со власт којашто држеше во заложништво пратеник во премиерската вила само за да опстане извршната власт. Ако тоа се случи пред некој месец на овој начин, може само го замислиме степенот на теророт врз овие луѓе за да се спроведе денешното сценарио на “признавање на вина”.
Оваа власт го потценува овој народ кој беше сведоци на многу вакви епизоди последните пет години. Оваа власт е на колена. За оваа власт се приоритет криминалот и корупцијата што се тера под изговор на кризна ситуација. Ова власт не турка се подоле во сиромаштија додека индивидуалци се богатат.
Сакаме да им порачаме дека го потценуваат овој народ и дека многу брзо ќе дојде времето кога ќе треба да одговараат за се што направија. Сакаме да порачаме дека овој пат нема да има отстапки за криминалите.
ВМРО ДПМНЕ има луѓе што ќе направат позитивна промена во оваа држава и нема да отстапиме пред какви било притисоци. Времето на промени доаѓа брзо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.