„Дадовме приговори за некои места каде имаше нерегуларности во гласањето, ни ги прифатија и сега ќе има прегласување на истите тие места, каде што очекуваме да добиеме плус некој пратеник доколку граѓаните ни го дадат својот глас”, изјави меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и дополнителен заменик министер во МИОА, Стефан Андоновски, на ТВ 21.

Ова следува откако ДИК донесе одлука за прегласување во Желино,Охрид и Крушево на неколку избирачки места. Париите имаат право на жалби до Управниот суд.

 

Во Крушево и Охрид СДСМ за 109 гласа го загуби четвртиот мандат, кој замина во „Европскиот фронт“ на ДУИ.

Во Општина Крушево поништено е гласањето на избирачкото место 1194 во селото Бучин, каде што ВМРО-ДПМНЕ доби 268, а СДСМ 84 гласови. Гласањето е поништено и во селото Јакреново каде СДСМ има 56 гласови, ВМРО – 0, а „Европскиот фронт“ 38.

Во Охрид поништено е гласањето на избирачкото место 1272 во Општата болница. Таму ВМРО-ДПМНЕ добил 236 гласови, а СДСМ 89.

Во Желино (ИЕ 6) поништено е гласањето на избирачкото место 2102 во селото Мерово, каде ДУИ добила 196 гласови, а коалицијата „Вреди“ 126.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.