Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на Фејсбук напиша дека ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи отворање на Уставот без писмени гаранции за македонската историја, македонски јазик, без вештачки фусноти.

Ова е особено важно откако изминатиот период сме сведоци дека власта договара и преговара со Бугарија за прашања кои задираат во македонскиот идентитет, јазик и историја.

 

Мицкоски потенцираше дека доколку има отворање на Уставот со кој би се предвидувал дел од бугарскиот народ да биде вклучен во преамбулата ВМРО-ДПМНЕ нема да го поддржи без претходни писмени гаранции за нашата историја, за македонски јазик, без вештачки фусноти, за нашата посебност и културна различност.

Зад овие интереси не стои нашата држава и нејзините институции. И ако условот е да се исполнат сите бугарски барања кои ќе значат исполнување на нивната бугарска декларација, на наша штета, тоа е нешто со кое ВМРО-ДПМНЕ никогаш нема да се согласи ниту пак да се помири. И ако има отворање на Уставот чин со кој е предвидено дел од бугарскиот народ да биде вклучен во преамбулата на истиот ВМРО-ДПМНЕ нема да го поддржи без претходни писмени гаранции за нашата историја, за нашиот македонски јазик, без вештачки фусноти, за нашата посебност и културна различност. Повторувам, да се знае сега, нема тоа да го поддржиме и нема тоа да помине, нагласи тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.