Власта изнајде начин да го скрши штрајкот, но не го скршија учителот, и протестите пред СОНК се доказ за тоа, смета Весна Јаневска, претседател на републичката комисија на ВМРО-ДПМНЕ за образование и наука во денешното гостување во емисијата Анализа на телевизија 24.

Јаневска додаде дека ВМРО-ДПМНЕ и таа лично ги поддржуваат просветните работници во нивните барања, додавајќи дека со ова што министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска им се заканува доколку не почнат со настава утре ќе бидат избркани од работа само дополнително им го крши достоинството и авторитетот.

ВМРО-ДПМНЕ и јас лично го поддржуваме штрајкот, па со кое право јас би им забранила да го искажат револт кој е многу длабок. Сметам дека власта е комплетно де реализирана и во овој момент ја носи најголемата штета во државата и за учениците затоа што сите знаеме на кои гранки ни е образованието, ако овие луѓе кои бараат за леб, знаете ли како се живее со 23.000 денари, со 2.500 денари покачување ниту парно, ниту струја не може да се плати, рече таа.

Значи они се борат со леб, со ова им се скрши достоинството и авторитетот. Дали ја слушнавте министерката што им рече ако не отидат утре на работа ќе бидат избркани од работа, па нели е тоа дополнителен притисок, праша Јаневска.

Јаневска нагласи дека во владеење на ВМРО-ДПМНЕ платите на наставниците се покачиле за 67 проценти највисоката, додека пак за 117 проценти за најниската плата во образованието.

Во владеењето на ВМРО-ДПМНЕ во тие 10 години е општо познато дека платите на наставниците беа покачени, највисоката за 67 проценти, а најниската за 117 проценти. Тоа е факт кој што постои и нема што да се дискутира. Значи СДСМ никогаш не може да го стигне ВМРО-ДПМНЕ, зошто да сакаа да им ги покачат платите ќе им ги дадеа тие 18 проценти, а немаше да им понуди понижувачки 12 проценти, потенцираше Јаневска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.