Најголемата и најдобрата антикризна мерка на оваа неспособна власт е оставка и организирање на предвремени парламентарни избори после кои конечно ќе започне процесот на извлекување на Македонија од бездната кон која ја втурнаа, сметаат од најголемата опозициска партија ВМРО ДПМНЕ.
Само одговорна и посветена влада, составена од професионалци и чесни личности која ќе испорача резултати и која ќе покаже дека нема недопирливи и дека криминалот во власта жестоко и правично ќе се санкционира е рецептот кој ќе донесе нова надеж.
Затоа го повикуваме СДСМ наместо со неодговорни маркетинг трикови за наводна помош на разорената од криминал Македонија, конечно да покаже доблест и да ја признае неспособноста и аздисаноста на нивните шерифи низ институциите на државната власт. Тоа ќе биде најдобриот проект на оваа неспособна Влада што може да го направи после пет години груб грабеж на земјата, се вели во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.