Лицемерно е СДСМ да зборува за цената на нафтените деривати, заради тоа што кога цените на нафтата и бензините се качуваа говореа дека тоа е светски тренд на зголемување цената, а кога цената паѓа на светските берзи да се фалат дека тоа е заради таканарачените анти кризни мерки на неспособната влада. Лицемерно е да се фалат за некаков си швајцарски модел за зголемување на пензиите на пензионерите, кога истата влада предводена од СДСМ и ДУИ им ги скрати пензиите и начинот на зголемување на пензиите во 2018 година, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Лицемерно е СДСМ да зборува за трошење на парите на граѓаните за непродуктивни трошооци, кога јавноста слушна како владата и министрите се луксузирале. Уште од ноември минатата година знаеле во владата дека ќе има криза, а наместо мерки за стабилизирање на економијата, мерки за компаниите и мерки за заштита на стандардот на граѓаните, тие трошеле пари за кафиња, цвекиња, мебел, жандињери како и перење на коли. Владата на СДСМ и ДУИ да им одговори на граѓаните зошто во врема на криза потрошиле над 50 илјади евра за кафе, зошто потрошиле над 200 илјади евра за хотелски услуги, 50 илјади евра за режано цвеќе, 40 илјади евра за златен прибор за Димитар Ковачевски, посочуваат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ бараат од власта исто така да им одговорат на граѓаните зошто потрошиле над 1 милион денари за перење на возила во неколку институции, 400 илјади денари за набавка на жандинери.

За нивниот луксуз, владата потрошила и над 270 илјади евра за набавка на мебел во неколку министерства. Додека ги советуваат граѓаните да штедат во оваа криза, и додека сите други им се виновни, СДСМ и ДУИ не ни помислуваат да намалат од своите луксузирања. Одговорност за ова ќе има, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.