Владата на пиунот на Заев, Ковачевски е влада без легитимитет со стари кадри кои од граѓаните беа поразени на избори. Ковачевски покажа дека планира да работи единствено како продолжена рака на Зоран Заев, односно дека со владата на Ковачевски продолжува заевизмот. Во владата на Ковачевски продолжува Оливер Спасовски, најлошиот министер за внатрешни работи во историјата Македонија, министер со бројни криминални афери кој издаваше пасоши на светски криминалци кој е еден од најголемите заштитници на криминалот на Зоран Заев, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата додаваат дека Ковачевски го задржува и Маричиќ преку кого Заев го контролира правосудството и кој јавно прозиваше судии и обвинители само затоа што не му се допаѓаа одредени нивни одлуки.
Фатмир Битиќи, човекот на Заев и еден од одговорните за катастрофата во македонската економија, човек во чие време граѓаните едвај врзуваат крај со крај, додека цените нагло пораснаа, исто така остана како избор на Ковачевски. Пиунот Ковачевски го задржува и Благој Бочварски најнеспособниот министер за транспорт и врски кој нема ниту еден проект позади него, има најниска реализација на капитални инвестиции, но затоа на Заев му донесе бројни парцели и тендери. Во владата останува и Љупчо Николовски министерот за корупција на Заев, кој Македонија ја донесе на дното по корупција на Транспаренси Интернешнл, сега истиот се враќа на старата функција да доуништи македонско земјоделие. Министерска позиција си доби и Славјанка Петровска, десната рака на Оливер Спасовски во МВР, уште еден од заштитниците и спроведувачите на криминалите на Заев. Скандалозната пратеничка на Заев, Бисера Костадиновска Стојчевска која во скафандер гласаше криминални закони, сега добива треба да ги спроведува криминалите на Заев и пиунот Ковачевски во културата. Јована Тренчевска главниот поддржувач на штетните политики на јагода Шахпаска и Зоран Заев, сега треба да обезбеди континуитет на истите во труд и социјала, се појаснува во партиското соопштение.
Од таму додаваат дека Ковачевски како министер за правда го зеде Никола Тупанчевски, еден од главните поддржувачи на срамните и противуставни закони и политики на Зоран Заев.
Во ова влада нема ништо ново, ова е продолжение на заевизмот, што си призна и самиот Битиќи кој јавно кажа дека ова ќе биде „Заев 3 влада“. Пинуот Ковачевски нема легитимитет за формирање на влада, тој и неговите избраници се главни виновници за катастрофата и штетните политики во Македонија. На Македонија и требаат предвремени парламентарни избори за излез од кризата час поскоро, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.