ВМРО-ДПМНЕ изразува длабоко жалење за смртта на Илинка Митрева, поранешен министер за надворешни работи на Република Македонија и упатува искрено сочувство до семејството и најблиските.

Илинка Митрева како поранешен пратеник, министер и политички и општествен чинител беше дел од поновата македонска историја.

Таа делуваше во времињата кога без разлика на концептуалните и идеолошки разлики се опстојуваше од сите во промоција и заштита на националните и државни интереси на Република Македонија.

Нека почива во мир, се наведува во телеграмата со сочувство од партијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.