Почина поранешната министерка за надворешни работи, Илинка Митрева. Митрева беше поранешна пратеничка од редовите на СДСМ и еднa од основачите на партијата.

Кон крајот на ноември 2020 година, Митрева која е поранешен министер за надворешни работи на Република Македонија, како реакција на интервјуто на тогашниот премиер Зоран Заев за агенцијата БГНЕС изјави дека е време Заев да се соочи со судот на јавноста.

Евроинтеграциите биле и ќе бидат наша трајна државна заложба, но не по цената што е спремен да ја плати премиерот. Време е Заев да се соочи со судот на јавноста, рече поранешната министерка за надворешни работи.

Ставовите на Заев се завршниот удар што тој ѝ го задава на Македонија. Почна од Преспа и промената на името на нашата држава, а сега посегна по идентитетот, јазикот и историјата – по ноторни историски факти, фашистичката окупација на Македонија. Капитулираше пред најголемиот напад со кој се соочила Македонија од почетокот на нејзиното постоење: уцени, притисоци и барања што задираат во темелите на македонската нација. Евроинтеграциите биле и ќе бидат наша трајна државна заложба, но не по цената што е спремен да ја плати премиерот. Време е Заев да се соочи со судот на јавноста. Нема простор за политички манипулации и дообјаснувања во СДСМ, нема простор за амнестија. Но, има простор за вонреден конгрес – рече тогаш Митрева.

Таа сметаше дека е време „да се испрати натпартиска порака до сите општествени и политички сили во нашата земја, до сите граѓани, да се обединиме пред тешките предизвици што ни претстојат“.

Како поранешен политички деец, но и како граѓанин, имам право и обврска да застанам во одбрана на националната гордост – заклучи професорката Митрева.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.