Најголемата опозициска партија ВМРО ДПМНЕ бара од претседателот на Собранието Талат Џафери да не се дрзнува да ја отфрли иницијативата за референдум, да се почитува член 67 став1 и да се дозволи негово одржување.

Согласно чл.67 ст.1 од Законот за референдум, Иницијативата се предава до претседателот на Собранието, како што е и направено со оваа Иницијатива за распишување на референдум со цел престанок на важењето на Законот за ратификација на Договорот со Бугарија. Потенцираме дека власта нема правен основ да го отфрли барањето на ВМРО-ДПМНЕ, велат од опозициската партија.

Доколку се впуштат во било какви обиди за опструкции, тоа ќе биде само показател дека се свесни дека на Референдумот нивните политики ќе доживеат дебакл и дека огромно мнозинство од народот ќе бара поништување на Договорот со Бугарија.

Власта да не се обидува да опструира, туку да смогне демократски капацитет и да дозволи народот да се изјасни, се вели во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.