Дали СДС планира со кадри, како трговецот со дрога Александар Филев, да го носи народот во ЕУ, прашуваат од најголемата опозициска партија ВМРО ДПМНЕ.

СДС планира да го носи народот во ЕУ, со лица како Александар Филев, познат нивни активист од Радовиш, а воедно и директор на тамошниот меѓуопштински центар за социјални работи, кој е поставен таму, лично од Јована Тренчевска.

Истиот Александар Филев, на 17-ти овој месец, беше приведен во Штип, од службеници од одделот за недозволена трговија со дрога и оружје, поради тоа што, кај него, била најдена и одземена дрога.

Бидејќи од СДС не се оградуваат од Александар Филев, треба да дадат одговор, дали пронајдената дрога има врска со високи функционери од власта и кого сакаат да заштитат?

Овој хаос ќе престане за неколку месеци. Државата мора да се врати кај народот и повторно да имаме функционална држава, се вели во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.