Убиството на хрватскиот ракометар на Бутел, 28-годишниот Денис Тот, ниту една разумна личност не би го оправдала, а премиерот Димитар Ковачевски мора да се огради од тие кои го прикриваа убиството на ракометарот, во спротивно ќе сметаме дека е виновн за прикривање на убиството, порачаа во неделата од ВМРО-ДПМНЕ.

Клучната тема во овој трагичен настан, кој најостро го осудуваме, е зошто Владата на Ковачевски се обиде убиството на хрватскиот ракометар да го прикрие како да не се случило?!?! Зарем беа толку наивни да поверуваат дека вистината нема да се дознае? Дали има нешто повеќе и нешто друго заради што Ковачевски и кадрите на СДСМ се одлучија на овој катастрофален чекор на прикривање на убиство?!, се наведува во партиската реакција.

Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека е тажно што луѓето коишто дојдоа на бранот на борбата за фер и транспарентни институции, денес се претставуваат како „соучесници и џелати на правдата и вистината“ во Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ го повикува Ковачевски да се огради од оние што се обидоа да го прикријат убиството на ракометарот на РК Бутел и најостро да ги санкционира во согласност со законите на земјата.

Во спротивно, ќе сметаме дека СДСМ и Ковачевски лично се директни учесници во овој грозоморен чин, се заклучува во реакцијата.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.