Скандалот на Клиниката за онкологија само кажува дека со Владата на СДС и ДУИ, криминалот и корупцијата се во сите пори на општеството, а најмногу доаѓа до израз таму каде треба да се спасуваат животите, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Едноставно е, аферата „Диво месо“ на Онкологија покажува постоење на канцер мафија која работи и денес затоа што нема институција која реагира, велат од партијата.

Оттаму додаваат дека документите доставени до ВМРО-ДПМНЕ отвораат сомнеж дека има и други слични проблеми на Клиниката за онкологија или евидентно е, како што велат, дека канцер-мафијата оперира континуирано.

Зошто се сомневаме дека има простор за уште неправилности кои не и се познати на јавноста? Прво, затоа што на ниту еден начин никој од надлежните на Клиниката за радиотерапија и онкологија, Министерството за здравство, па и целата Влада не реагираат по укажувања на Државната ревизија. Второ, Извештајот покажува дека добавувачите доцнеле со достава на лекови, а никој не реагирал до надлежните. Трето, нема никаков писмен траг, интерна книга во која се води колку единици од определен лек се аплицирани, на колку пациенти. Ова е така со години, бидејќи нема никаква контрола, а токму на овој начин директно со милиони, стотици милиони се оштетуваат македонските граѓани.

 

Канцер мафијата заработува на грбот на граѓаните, а се уште има само предистрага, нема официјален обвинителен акт. Запрепастувачки е криминалот и бездушноста на оваа Влада на СДС и ДУИ.

 

Оваа канцер мафија мора да биде победена и мора да има одговорност. ВМРО-ДПМНЕ по преземање на власт детално ќе го испита случајот во кој некои лица се богатат на грбот на граѓаните и им ја земаат последната надеж, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.