Владата, поточно министерот за земјоделство Љупчо Николовски и претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска излегоа со две спротивни изјави околку извозот на пченица.
Утрово Вучиќ најави дека имаат доволно пченица, но мора да се грижат за сопствените интереси и оти затоа од утре го стопираат извозот.
Од друга страна Николовски вели дека забраната за извоз на пченица и пченка од Србија што стапува во сила утре, нема да важи за земјава.
Нашите мелничари ќе може да ги обезбедат веќе договорените количини, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.
Кој ја зборува вистината ќе видиме во следниот период, односно дали во Македонија ќе почуствува недостиг во снабдувањето со леб и брашно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.