Претседателот на Србија Александар Вучиќ по денешната средба со министерот за надворешни работи на Унгарија Петер Сјарто изјави дека целиот регион од него бара пченица но оти тој мора да се грижи за своите граѓани.

Затоа, објасни Вучиќ, од утре ќе го запрат извозот на пченица и пченка се додека не се стабилизира состојбата предизвикана од војната во Украина.

Вкупното ниво на побарувачка што не можевме да го исполниме логистички е дека за еден ден имавме побарувачка за четвртина од нашите вкупни резерви, во регионот владее лудило за жито и цените отидоа на небо. Кога владата ќе процени дека сме сосема сигурни, можеме да дозволиме извоз, но мораме да мериме буквално секој ден, за да не се грижиме дали имаме доволно храна за домаќинството, па дури и за луѓето од околината. Затоа е преземена мерка да не се извезува пченица.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.