Владата нема ниту право, ниту постои таква законска можност или обврска, на кој било поранешен премиер или на кој било друг функционер да подарува возила, порачаа денеска од Владата по информациите во дел од медиумите за правата на поранешните премиери.

Од Владата истакнуваат дека постапуваат исклучиво согласно со обврските кои произлегуваат од Законот за влада, како и дека со измените направени во 2016 година, Владата има обврска да обезбеди на користење возило, возач, како и безбедносна заштита на поранешен претседател на Влада, онолкав период колку што му траел завршениот мандат.

Во врска со информациите во медиумите за правата на поранешните премиери, Владата на  Македонија ја известува јавноста дека постапува исклучиво согласно обврските кои произлегуваат од Законот за влада. Имено, со измените направени во 2016 година, Владата има обврска да обезбеди на користење возило, возач, како и безбедносна заштита на поранешен претседател на Влада, онолкав период колку што му траел завршениот мандат. Владата нема ниту право, ниту постои таква законска можност или обврска, на било кој поранешен премиер или на било кој друг функционер да подарува возила, се наведува во соопштението од владината прес-служба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.