Владата не подарува возила, туку постапува законски, велат од Владата откако медиумите информираа дека Заев, кој се откажа од привилегиите, сепак ќе добие службено возило.

Владата на Македонија ја известува јавноста дека постапува исклучиво согласно обврските кои произлегуваат од Законот за влада.Со измените направени во 2016 година, Владата има обврска да обезбеди на користење возило, возач, како и безбедносна заштита на поранешен претседател на Влада, онолкав период колку што му траел завршениот мандат. Владата нема ниту право, ниту постои таква законска можност или обврска, на кој било поранешен премиер или на кој било друг функционер да му подари возила, стои во владината реакција.

На Заев, како претседател на Владата на кому му престанала функцијата му е доделено владино службено возило „шкода суперб“ произведена во 2021 и со моторна зафатнина од 2.000 см3 со владина одлука по престанувањето на неговиот мандат на почетокот на оваа година.

Претходно на Заев во 2020 кога при формирањето на техничката влада подднесе оставка му беше доделен „фолксваген пасат лимузина“ произведен во 2018 година и со моторна зафатнина од 2.000 см3.

Владата изминатото лето набави 45 луксузни возила „шкода суперб“ со погон на четири тркала во вредност од 1,5 милиони евра без ДДВ. Месечниот лизинг за едно возило изнесува 60 илјади денари со вклучен ДДВ, а вкупната цена на едно возило достигнува околу 40 илјади евра.

На 17 јануари, на истиот ден кога е донесена одлуката, Заев во изјава за порталот А1он тој изјави дека нема да го искористи правото на апанажа, ниту тоа на автомоил и возач. Вели дека делумно ќе го искористи само правото на обезедување и тоа ретко. Тој има право на шест бодигарди, кои може самиот да ги одбере за да го чуваат 24 часа.

Ќе се вработам во семејните фирми, па ќе користам возило од некоја од фирмите, таму ќе земам и плата, па нема да користам апанажа, рече поранешниот премиер.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.