СДС продолжува кај што застана Рашковски, истата фирма со која Рашковски склучи договор за набавка на софтвери во 2020 година во вредност од 15 милиони евра, е избрана за набавка на софтвери повторно, но овој пат за 26 милиони долари, обвинуваат од ВМРО ДПМНЕ.

Набавката од фирмата која беше дел од низата скандали заради која Рашковски си замина, сега повторно книжи милиони.

Имено на 1-ви септември потпишан е договорот, а од страна на владата потпишува генералниот секретар Методија Димовски, и веќе на 5-ти септември овој договор е влезен во сила.

Договорот е за софтверски лиценци, и со пресметан ДДВ тежи 26 милиони 429 илјади и 350 долари.

Се поставува прашањето што се смени за 3 години, па наместо за 15 милиони се купува за 26 милиони? Во кој дел работата на владата напреднала и што ново е направено?

Како фирмата која беше во фокусот на скандалите со Рашковски повторно склучува договори со владата на СДС во очи избори за сума поголема за 70% од пред 3 години, прашуваат од ВМРО ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.