Лицемерието на Ковачевски кон граѓаните е класичен пример за целокупното негово владеење. Донесе мерка која ни самите во владата не ја почитуваат, притоа претставувајќи се за спасител, во ситуација кога дозволи се да поскапе во Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Ковачевски во Влада набавува леб поскап за 30 до 100% повеќе од цената која самиот ја пропишува, односно плаќа 41,4 денари за 450 грама за белиот леб, а за белиот леб со продолжен рок плаќа нешто под 80 ден.

ВМРО-ДПМНЕ уште пред една година апелираше дека ќе дојде до оваа ситуација, но Ковачевски не сакаше да го заштити стандардот на граѓаните со соодветни мерки. Со нашите предложени мерки ќе ги наполнеше и зголемеше стоковите резерви, ќе им помогнеше на производителите и ќе спречеше ценовен шок за граѓаните.

Наместо тоа, Ковачевски реши да ја поскапи струјата и дозволи цените вртоглаво да растат, стои во партиското соопштение и се додава:

„Ковачевски ако се грижеше за граѓаните немаше да дозволи инфлација од 20% во Македонија, стандардот на граѓаните да падне, а во исто време се живо да поскапе.

Затоа провидна е глумата и лицемерието на власта. Кога ВМРО ДПМНЕ ќе ја предводи следната Влада, ќе ги направи сите напори да го подигне стандардот на граѓаните, преку одржливи мерки, кои нема да бидат од денес за утре“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.