Иницијативниот одбор на родители на ученици од ООУ „Његош“ од Јурумлери во знак на незадоволство од одлуката на министерот за образование и наука Јетон Шакири за одземање на надлежностите на Општина Газа Баба за училиштето, денеска одржа граѓански протест со блокирање на регионалниот пат на раскрсницата во населено место Јурумлери кон Драчево (кај бензинската пумпа).

Градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски кога министерот Шаќири ја донесе одлуката рече дека „не постои ниту еден законски основ за одземање на ингеренциите, односно општина Гази Баба и директорката на ООУ Његош ги исполнуваат законските обврски и немаат прекршено ниту една утврдена процедура“.

Жалам што министерот Шакири не го прифати мојот апел да не подлегнува на вештачки креирани состојби кои поединци ги создаваат со цел да создадат меѓуетнички тензии.
За мене учениците се ученици, без разлика на етничка или верска припадност, а за тоа најдобро зборуваат реализираните проекти.
Одлуката за одземање на ингеренциите не е решение на проблемот, туку единствено прикривање на неспособноста на власта да го реализира ветувањето дадено пред граѓаните на Идризово уште пред неколку години за изградба на ново основно училиште за сите ученици од Идризово.
Владата на ДУИ и СДСМ наместо да го продолжи процесот на децентрализација, отпочна процес на централизација, односно веќе законски дадените надлежности на локалната самоуправа ги одзема.
Мојот став како градоначалник на општина Гази Баба е јасен, услови за образование треба да имаат сите деца и затоа отпочнавме иницијатива до надлежните институции за изградба на ново училиште во Идризово, напиша тогаш на својот фејсбук профил Стефковски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.