Владата донесе одлука со којашто утрешниот ден, 13-ти февруари, понеделник, е прогласен за Ден на жалост на Република Македонија.

Одлуката е донесена како израз на солидарност и почит за големиот број загубени човечки животи предизвикани од катастрофалниот земјотрес што се случи во Република Турција и во Арапската Република Сирија, на 6-ти февруари 2023 година.

За време на утрешниот Ден на жалост, знамето на Република Македонија, ќе биде истакнато на половина копје, во нашата држава и пред дипломатско-конзуларните претставништва во странство.

На почетокот на владината седница беше оддадена почит за жртвите во катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија.

Владата на Република Македонија изразува длабоко сочувство за загубите, до целиот турски народ и до блиските на настраданите во земјотресот во Турција и Сирија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.