ДУИ: Денес ќе се видело кој е за ЕУ, а кој за Русија.
Оооф леле ова прозападнава крими-авангарда ама ги поедноставува работите, пишува Ивор Мицковски на својот фејсбук профил.
Напротив, однесувањето на Бугарија и ЕУ која ја поддржува, во случајот со Македонија не е кохерентна вис-а-вис Украина и руската агресија.
Бугарија го прави врз Македонија истото што Русија врз Украина само без воена агресија: ја негира нацијата, историјата, јазикот и културата.
Ама вас ве заболе за Македонците, како што уво ве заболе и за Украинците, наместо да бевте солидарни со сограѓаните како што они беа за вашите права и вашето национално и етничко воздигнување и самопочитување.
Вие имате една агенда, со Запад декларативно, а дома бетер од Русија, кради, лапај, ограничувај, убивај слобода и демократија, правна држава и напредок.
Вие сте Русија за Албанците и за Македонците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.