УБЕДЕН СУМ ДЕКА ПРЕДЛОГОТ НЕ ЧИНИ ЗА МК. СЕ КРИЕ ОД ОПОЗИЦИЈАТА И Е ДАДЕН РОК ЗА ОДЛУЧУВАЊЕ ДО ПОЛНОЌ, пишува Венко Глигоров на свјот фејсбук профил.

Прв пат да се согласам со некој прес или изјава на Мицкоски од В/Д. Во оваа ситуација, В/Д и малоте партии од власта ги гледам како спасители.

Францускиот предлог, сега е 21.30 часот, 30.06.2022, сеуште не е доставен до најголемата опозициска партија, а МК треба да одлучува до полноќ. И некој ќе не’ убедува дека предлогот е добар за нас? Погледнето го пресот и користете здрава логика.

Што и да одлучат од Владата, може да биде (веле)предавство и ништо повеќе. Да се надеваме дека ќе го одбијат предлогот и дека ќе стопираат несакани излевања на револт по улиците со несогледиви (можни се и крвави) последици.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.