Градинките во Скопје си имаат евиденција колку од децата кои немаат уреден вакцинален статус не се згрижуваат, бидејќи Mинистерството за здравство ги презема сите активности, а тоа е носењето на одлуката и решението со голема кашлица, истакна денеска од Штип дополнителниот министер за труд и социјална политика Ѓоко Велковски, кој одговараше на новинарско прашања, дали се знае колкав е процентот на деца кои се згрижени, како и колку поради неуреден вакцинален статус не се згрижуваат во скопските градинки.
– Градинките точно си го почитуваат законот, целата ситуација на инспекциите си го презема Државниот здравствен и санитарен инспекторат, којшто ги врши контролите на терен, нашите инспектори ги продолжуваат оние редовни активности по Закон за пратење на контролата на ситуацијата и на целокупниот процес на функционирање во детските градинки.
Навистина жалам што Скопје е буквално област каде што ситуацијата е голема, иако можам да кажам дека на целата територија на Македонија процентот на вакцинирани дечиња е навистина голем во голем број од градовите, вели Велковски.
Тој упати апел до родителите да си ги вакцинираат своите деца, со цел да бидат дел од детската заштита.
Прашан дали мерките се покажаа како добри за намалување на бројот на деца со голема кашлица, Велковски истакна дека пред десеттина дена пред да се воведе мерката за забрана за прием на дечиња во градинките кои немаат уреден вакцинален статус, имало пет дечиња заразено, а кои биле вакцинирани целосно.
Тоа беше бројката којашто ја имавме во Скопје во детските градинки. Најголем дел од дечињата кои беа сместени во Клиниките беа од школско образование, односно основно и средно образование.
Така што беше алармантно во Скопје и затоа претпоставувам беа донесени одлуките од Комисијата, а потоа и од министерот за здравство, вели Велковски.
Тој додаде дека министерството за труд и социјална политика дополнително може да информира колкав е процентот на децата кои не се згрижени во детските градинки во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.