Очекувањето од официјален Вашингтон Македонија да го продолжи патот кон полноправно членство во Европската Унија, било изразено на средбата на заменик-помошникот државен секретар на Соединетите Американски Држави, Габриел Ескобар со претседателот Стево Пендаровски, што се одржа попладнево во Скопје.
На средбата е потврдена поддршката на САД за европските аспирации на нашата земја и се разговарани следните чекори кои треба да ги преземе нашата држава со цел да напредува во ЕУ интегративниот процес.
На средбата беше потврдена поддршката на САД за европските аспирации на нашата земја. Истовремено, беше изразено очекување од официјален Вашингтон дека Македонија ќе го продолжи патот кон полноправно членство во Европската Унија. Претседателот Пендаровски ја истакна важноста на поддршката која САД ја даваат за остварување на стратешките цели на нашата држава. Во таа насока, на средбата се разговараше за следните чекори кои треба да ги преземе Македонија со цел да напредува во ЕУ интегративниот процес, соопштуваат од Кабинетот на Претседателот.
Дополнуваат дека на средбата станало збор и за состојбите во поширокиот регион, во контекст на руската агресија врз Украина.
Со средбата со Пендаровски, Ескобар попладнето ја почна дводневната посета на државава.
Според најавите, Ескобар утре претпладне ќе се сретне со премиерот Димитар Ковачевски по која ќе одржат прес-конференција, а ќе има средба и со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Доаѓањето на Ескобар во Скопје следува по започнувањето на собраниската процедура за усвојување на уставните измени за внесување на Бугарите во Уставот како услов земјава да ја одржи втората меѓувладина седница и да ги продолжи преговорите со Европската Унија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.