За утре е најавен Почетокот на изградбата на коридорот 8, што е еден од автопатите што треба да ги гради американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“, според најавите, треба да почне утре, но од надлежните државни органи нема точна информација каде тоа ќе се случи. Слична е состојбата и со коридорот 10д, за кој почетокот на изградбата е закажан за 12 мај.

Сепак, иаско Владата бајави почетокот на изградбата, тоа не значи дека на терен ќе излезат градежни машини, туку, како што велат од Министерството за транспорт и врски, утре треба да почнат само некои геодетски мерења, односно ќе се утврдат локациите каде ќе одмараат работниците кои ќе работат на новите автопати. Треба да бидат одредени и локациите на коишто ќе бидат поставени градежните машини, но без да има точен план кога тие машини ќе бидат вклучени.

Од 22 април почнува реализација на договорот, што практично значи дека изведувачот ги започнува сите подготвителни работи на терен, снимање на теренот, проектирање, подготовка на локации за кампови за работници и градежните машини, подготовка на урбанистичките проекти за патните коридори и постапките за експропријација, соопштуваат од Транспорт.

Според Владата, овие два коридора се досега историски најголеми инфрастуктурни проекти во нашата држава. Опозицијата, пак, истакнува дека нетранспарантноста на се што се однесува околу договорот и законските измени коишто треба да се направат за тој да може да биде исполнет, упатуваат на тоа дека власта се обидува да направи историски грабеж.

Некој ќе проектира, а евентуалните грешки во проектот ќе ги плаќаме ние преку ЈП за државни патишта, или граѓаните, државата ќе го плаќа тоа што е згрешено. И во периодот кој ќе следи ќе отвораме детали од оваа верзија на договор која ни е доставена, ќе отвораме и други детали во јавноста и ќе се занимавме и со цените, но и со оние цени кои во договорот се ставени како ТБД (to be defined), односно допрва ќе се дефинираат и ние имаме основано сомневање дека тоа најмалку двојно ќе го зголеми оној буџет кој Ковачевски и оние околу него ни го презентираа во јавноста“, истакна вчера Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Јавна реакција за спорни моменти околу договорот, излезе и птпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски,кој посочува дека власта прифатила, при евентуален спор со реализацијата на овој договор, да не важи македонското законодавство, туку она на Англија и Велс.

Николоски додаде и дека околу 70% од работниците на коридорите ќе бидат странци, коишто ќе може да работата без какви и да било дозволи за пфестој и работа во државава.

Се работи за план 11 од договорот кој се однесува за број на работници и план за работа. Во истиот е дефинирано колку работници ќе работат на автопатот и колку од нив ќе бидат од странство, а колку домашни. Согласно договорот, од вкупниот број работници 30 отсто ќе бидат домашни, а 70 отсто странци. Што значи дека 70 отсто од парите кои македонските граѓаните ќе ги дадат за изградба на автопатот ќе одат надвор од државата. Наместо да се вработуваат домашни луѓе, Македонија ќе вработува странци, а премиерот лаже дека најмалку 51 процент ќе бидат домашни работници.

 

Уште поголем проблем е што ако сега некој дојде за да работи во Македонија му треба работна дозвола и дозвола за престој. Ама само за работниците на автопатите на ‘Бехтел и Енка’ ова нема да важи. Тие ќе можат да работат првиот ден откако ќе стапнат на македонско тло, додека ги чекаат соодветните работни дозволи и виза. А, тоа значи дека можеби и нема да ги добијат. Затоа што можно е да влезе некој кој има нечесни работи кон државата од безбедносен аспект, на пример, истиот да се инфилтрира во државата, да работи шест месеци и после шест месеци барањето за работна дозвола да му биде одбиено. А, во тие шест месеци можеме само да сонуваме какви проблеми тоа лице ќе направи“, вели Николоски, кој подвлекува дека ова е уште едно класично кршење на законите.

Претходно и невладините органзиации реагираа дека со необјавувањето на договор и со измените во неколку закони за да може „Бехтел и Енка“ да градат побргу се отвара простор за корупција. Тие побараа овие измени да се повлечат затоа што недостасува поголема анализа.

Изградбата на коридорите 8 и 10Д ќе чини 1, 3 милијарди евра, а ќе бидат потреби и најмалку 300 милиони за екпропријација.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.