Очигледно е дека Ковачевски и ЈО заедно ги штитат криминалите на Артан Груби, како инаку може да се објасни молкот на владата.Се штитат криминалите на Груби, поради опстанок на оваа влада, на грбот на народот, кој секој ден се повеќе осиромашува, а СДС И ДУИ се богатат,обвинува ВМРО-ДПМНЕ.

Додека народот не може да врзе крај со крај, семејната фирма на Груби купува луксузни дуќани во строгиот центар на Скопје, за смешни и багателни цени за метар квадратен. Груби има дозвола од Ковачевски да прави се што сака, само за гол опстанок на владата на Ковачевски.Граѓаните сакаат што побрзо да си замине оваа криминална власт, а тоа го потврдуваат и сите анкети во Македонија. Џабе им е купувањето на време, за да приграбат што повеќе имот и пари, а за сите криминали ќе има разрешница во блиска иднина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.