Косово денеска е примено за придружна членка на НАТО. Ваква одлука донесе Парламентарното совбрание на Алијансата и го унапреди статусот од набљудувач до придружна членка.

На гласањето, 14 членки на НАТО беа воздржани, а само Унгарија беше против.Придружна членка покрај Косово стана и Малта.

Што значи ова за Македонија и за регионот го прашавме политикологот Милан Стефановски, еден од најдобрите познавачи на прашањата поврзани со одбраната.

Toj е убеден дека пристапувањето на Косово кон институциите на НАТО е во контекст на  геополитичко позициционирање на САД и НАТО на Балканот како неминовна точка на рускиот интерес.

Според него, јужното крило на НАТО е пред сериозен предизвик во светло на руско- украинскиот конфликт или поточно на конфликтот помеѓу Западот и Русија.

Во Јужното крило на НАТО гравитираат и земји како Бугарија и Турција кои се блиску до црноморскиот базен каде се одвиваат конфликти со силен интезитет. Но, и гравитираат и земји кои немаат поширок прифатен меѓународен државен статус како што е Косово и проблемите во БиХ. За Косово да биде придружна членка во НАТО е прашање и на меѓународното право и принципи бидејќи сеуште не е призната како држава во институционални рамки. Но, тоа пак преставува силен сигнал  кон Русија за затворање на Јужното крили на НАТО и елиминирање на можни потенцијални конфликти, секако и дејуре и  дефакто еден ден Косово да биде полноправна членка на НАТО. Тоа за Косово е градење на уште една силна врска со западните сојузници-изјави Стефановски за „Република“.

Стефановски објаснува што значи ова за Македонија.

За нас е важно што ќе имаме уште еден сосед кој ќе биде извор на стабилност. Јасно е дека не постои повеќе меѓународно право туку сила на меѓународната заедница. Така беше и со Украина која сред војна доби статус во ЕУ заради  ” потребата од кафе на Орбан и Шолц”. Се надевам дека и за нас може да се направи елегантен исклучок виза ви ветото на Софија и поскорешна ЕУ интеграција.

 

Маќедонци: Косово е на само еден чекор од полноправно членство во НАТО

Министерот за одбрана на Косово, Ејуп Маќедонци нагласува  дека неговата земја отсега  ќе има право да предлага и коментира за кој било процес или документ со кој работи Собранието на НАТО.

Со оваа одлука Косово е на само еден чекор од полноправно членство во НАТО, што секако ќе влијае на стабилизација на Балканот“, напиша Маќедонци.

 

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.