Во соработка со општинското јавно претпријатие „Јегуновце“ започнавме акција за уредување на патот што води кон месноста „Пештер“ во Јегуновце, објави градоначалникот Димитар Костадиноски.
Со помош на механизација се расчистува градежниот шут и останат отпад долж патот кон „Пештер“ со што во понатамошна фаза ќе се прошири патот и целосно ќе се расчисти се со цел непречено движење кон месноста „Пештер“ што од година во година претставува атрактивна туристичка атракција за општина Јегуновце.
Упатувам апел до локалното население за поголема грижа и да не дозволиме да го загадуваме просторот кон „Пештер“, туку да придонесеме да ја заштитиме природата и туристичките места во општина Јегуновце.


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.