Во соработка со општинското јавно претпријатие и расположливата механизација исчистена е дива депонија на атар во Сиричино што со години беше проблем за локалното население, информира градоначалникот Димитар Костадиноски.

Чистењето на дивата депонија е по барање на жителите, а ние како локална власт превзедовме мерки за решавање на проблемот. Континуирано ќе се чистат и уредуваат дивите депонии и јавен простор во сите населени места во општина Јегуновце.

Со долгорочна инвестиција во механизација за јавното комунално претпријатие штедиме на буџетски средства, а истовремено механизацијата ќе ја користиме за голем број на потреби од надлежност на општината и комуналното претпријатие.

Покрај нашата активност, потребна е поголема претпазливост од жителите и затоа апелирам да не се депонира отпадот и сметот на јавни места и да не се создаваат диви депонии, вели Костадиновски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.